H&M ЈА ОТКРИВА СМЕЛATA, МАГИЧНА КОЛЕКЦИЈА ЗА ОДМОР, ИНСПИРИРАНА ОД ОРИГИНАЛНАТА СЕРИЈА НА HBO® – „БЕЛИОТ ЛОТУС“
Евоцирајќи го сончевиот гламур и сјајот на одмор во луксузно одморалиште, H&M ја претставува новата колекција на женска облека инспирирана од серијата „Белиот лотус“, чита трета сезона ќе се прикажува на 18 февруари. Колекцијата е направена во соработка со Алекс Боваирд, костимографот на „Белиот лотус“, а пристигнува во избрани продавници на H&M ширум светот и онлајн, на 20 февруари, паралелно со прикажувањето на очекуваната трета сезона.
Преполна со живи бои, динамични принтови и лелеави силуети, 25-делната капсулна колекција на тема одморалиште замислува аспиративна гардероба за одмор што црпи од внимателно обработените гардероби на ликовите од оваа сезона. Низата впечатливи комбинации е дизајнирана да биде слоевита и прилагодена за опуштени денови покрај базен и ноќи кои создаваат спомени.
Боите се заразни и весели, ветуваат за добро време, а силуетата е обемна, со меки и проѕирни ткаенини украсени со карнери што лебдат на летниот ветер. Летни наметки со цветни отворени плетки, како и мотиви нацртани како романтични отпечатоци од цветови од лотус и разиграни слонови, ја доловуваат бујноста на локалитетот и тој ескапизам во кинематографски стил кој може да го поттикне само патувањето.
-Да се направи колекција на „Белиот лотус“ значи да се искористи вистинскиот културолошки момент – тоа, исто така, значеше дека можеме да создадеме гламурозна и магична колекција инспирирана од одморалиштето. Верувам дека како личност сте похрабри на одмор; можете да откриете различен карактер и тоа го пренесувате преку начинот на кој се облекувате. Ја има и таа разновидност, за да можете да се спакувате лесно. Облека за на плажа, но, ако сакате, можете лесно да ја стилизирате и за вечерни излегувања. Тоа е совршена гардероба за летен одмор – изјави Ан-Софи Јохансон, креативен советник во H&M.
Има по нешто за секој момент и расположение, од младешките фустани инспирирани од популарните фустани на бебешките кукли од 1960-тите, бохо шеширите и кратките и слатки модели од тантела, до романтични долги фустани и наметки. Долг, развиорен, бургунди фустан со високо деколте и брановидни карнери го доловува високо драматичниот дух на колекцијата, заедно со обемниот портокалов кафтан со впечатлив принт и црно-бел фустан кој се врзува околу вратот. Овие парчиња се натпреваруваат за центарот на вниманието заедно со силуети кои ја покажуваат кожата, како долг, флуиден вечерен фустан со исечени делови и елегантни костими за капење со длабоки деколтеа.
Низа додатоци го засилуваат чувството на одмор. Вткаени шешири и торби и ланчиња во златни тонови со мониста и школки го имаат она драгоцено чувство на локално откритие, додека очилата за сонце и папучите го финишираат летниот изглед.
-Ми се допадна да работам со тимот во H&M на дизајните за колекцијата. Секогаш ја имаме оваа мала фраза во шоуто: „Ништо не е премногу за Белиот лотус!“. Така, повеќе ме привлекуваат смелите дезени и пораскошните, екстравагантни парчиња. Обожавам што колекцијата може да се носи цел ден – нешто што можете едноставно да го наметнете за да одите на појадок или базен, или можете да додадете накит и да го носите на вечера. Има по нешто за секого. Колекцијата ја вклучува џунглата, светлите препознатливи бои на ривиерата и малку злато и сјај, означувајќи стилизиран и луксузен одмор во одморалиштето – изјави Алекс Боваирд, костимограф на „Белиот лотус“.
Третата сезона на „Белиот лотус“ ќе има премиера на HBO и Max на 16 февруари 2025 година.
Нема коментари