Шведскиот моден гигант H&M се здружи со британскиот бренд за текстил и ѕидни тапети GP & J Baker и заеднички создадоа женска колекција со која се оддава почит на некои од најпознатите дезени од арфивата на британската компанија. Колекцијата е лесна и прозрачна со голем распон на романтични и софистицирани парчиња со кои се создава флуидна силуета. Главни принтови се геометриските форми и цветната шара. „Избраните дезени се дел од единствената ДНК на брендот на GP & J. Ова се некои од нашите најпознати дизајни кои понатаму го продолжија своето патување во модната индустрија на иновативен и интересен начин“, вели Ен Графтон, креативен директор на GP & J.
Искористен е дезенот „Магнолија“ дизајниран од Вилијам Тарнер во 1913 година и „Fretwork“ кој ги претставува познатите Арт Деко дела од Жан Дуранд. „Сега е одлично време за презентирање на впечатливи принтови, така што сме многу возбудени поради соработката со една од најпрестижните компании за текстил и тапети. Модните парчиња се женствени и силни, но во исто време имаат одредена леснотија, што сигурно ќе ги привлече сите оние што ја сакаат модата и одличниот дизајн за принтови“, изјави Пернила Волфхарт, директорка на дизајн во H&M.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари