Иако сме сред зима и пролетта се чини многу далеку, модните брендови се подготвуваат за следната сезона. Шведскиот бренд за секојдневна облека H&M деновиве претстави каталог со елегантни креации што ќе се носат оваа пролет. Водичот наречен Wardrobe Refresh содржи 10 комбинации со кои, според тимот на етикетата, ќе го освежите вашиот деловен изглед.
Застапени се отмени молив здолништа и фустани во темносина боја, сив костум, бели и светлосини кошули, црно миди здолниште со длабок шлиц и со преклоп. Доминираат дискретни класични тонови, кои може да се комбинираат во рани варијанти за во канцеларија.
Нема коментари