Модниот бренд H&M ја претстави новата колекција од Conscious еколошката линија, во која продолжува со својата заложба за одржлива мода. Фокусот на колекцијата за лето 2020 е ставен на фустаните кои ги има во трендовски стилови со волумен и балонести ракави, а кои се совршени за топлите месеци.
Креаците се направени од одржливи материјали од познат извор и од рециклирани ткаенини. Ова е уште еден чекор кон целта на брендот до 2030 година да се користат сам рециклирани и одржливи материјали и да се обезбеди одржлива облека достапна за сите. Во H&M веруваат во циркуларна мода, реупотреба на материјали, етички производствени процеси, намалување на употребата на природни ресурси и намалување на текстилниот отпад.
H&M уште еднаш повика на промена во модата, во тоа како се бираат материјалите и како се произведува облеката. Промената е потребна за да имаме подобра иднина.
Нема коментари