Модниот бренд H&M секоја сезона претставува колекција под називот Conscious, еколошка колекција полна со стил и креирана со иновативни материјали и процеси кои се одржливи. Оваа сезона Conscious Exclusive AW20 колекцијата содржи раскошни фустани, елегантни костуми и впечатливи модни додатоци, а доминираат облека со драматичен волумен, гламурозни карнери и отмен стил.
Повторно се спојуваат модата и одржливоста, а креативната советничка на H&M, Ан-Софи Јохансон, вели дека овој пат се фокусирале на материјали создадени од отпад. Ова се четирите иновативни процеси и материјали со одржливо потекло користени во колекцијата – Agraloop ™ Hemp Biofibre ™ (природни влакна добиено од остатоци од производството на конопово масло), Eastman Naia ™ Renew (предиво од целулоза направено од рециклирани дрвени влакна и пластичен отпад), We aRe SpinDye® (процес на боење што користи помалку вода и енергија), Made of Air®. (пластика што не произведува јаглерод, помага да се намалат емисиите на СО2).
Стилски колекцијата содржи вечерни креации од тафта во црна, зелена и жолта боја, потоа блузи, кошули и добро скроени костуми, принтови инспирирани од старински тапети и таписерии, како и модни додатоци како крупни чокер-ѓердани, очила за сонце направени од отпадна биомаса и чевли од веганска кожа делумно произведена од нуспроизводи од вино.
Нема коментари