Еден од најпознатите модели на чанта на модната куќа Hermès има долга историја, и иако се чини дека популарен е моделот Hermès Birkin, се враќа интересот за Hermès Kelly, што е воочливо во уличната мода. Брендот постојано нуди нови верзии на оваа чанта, а периодов омилени беа и моделите во мини големина.
Како една од најпрепознатливите чанти и најкласичниот модел на Hermès, потеклото на „Кели“ е во далечната 1852 година со лансирањето на чантата Haut à Courroies (HAC). HAC се користеше за држење седла за коњаници, потоа беше реинтерпретирана во Sac à Dépêches во 1930-тите. Оваа луксузна чанта на Hermès е дизајнирана од Роберт Думас, зет на извршниот директор на компанијата, Емил Хермес. Моделот на чанта стекна популарност кога актерката Грејс Кели, во тоа време Принцеза од Монако, ја искористи за да ја скрие својата бременост од папараците. Таа со чантата беше запознаена време на снимањето на филмот To Catch A Thief во 1955 година и толку многу ѝ се допаднала што постојно ја носела. Hermès во 1977 година ја преименува чантата во „Кели“, во чест на актерката.
Оригиналниот трапезоиден дизајн на оваа Hermès чанта вклучуваше две триаголни шипки, мал преклоп, рачка и два странични ремени. За поголема функционалност чантата сега има и долг ремен за да може да се носи на рамо. Се изработува рачно од триесет и шест парчиња кожа и шестотини и осумдесет шевови од еден занаетчија во текот на 18 до 24 часа. „Кели“ има преземено многу нови форми од неговото оригинално објавување. Двата главни стила за избор се „Кели Ретурн“ и „Кели Селиер“, а дополнително има и низа додаоци како паричник, ремен, часовник, кои исто така го носат името „Кели“ како и оваа култна чанта.
Нема коментари