Соработката меѓу модниот бренд Hermès и технолошкиот гигант Apple ја одушеви модната публика, а заедничкиот производ – смарт часовник кожено ремче препознатливо за париската куќа веќе е хит на „Инстаграм“. Производот е достапен во три верзии, чини од 1.100 до 1.500 долари, а може да го носaт и жени и мажи. Часовникот наиде на голем интерес кај љубителите на луксузна роба кои неколку дена откако производот во продажба веќе уживаат во часовникот и се го фотографираат во комбинација со алки, прстени или покрај Hermès чанта.
Нема коментари