Една од најпознатите супермоделки од 90-тите години, Данката Хелена Кристенсен, и на 53-годишна возраст изгледа прекрасно. Сѐ уште е активна во манекенството и повремено се појавува на насловните страници и во рекламни кампањи. Таа деновиве ја посети ревијата на Александар Меквин во Њујорк, облечена во креација со потпис на оваа модна куќа, а во која изгледаше елеантно и шик. Хелена се одлучи за костум од панталони и сако во нежно розова боја и со широк крој, модел кој е тренд последниве сезони и ќе се носи и оваа година.
Костумите се дел од таканаречениот power suit изглед во деловното облекување, со соодветни детали прикладни се и за во канцеларија. Но, во некој друг контекст, како на пример во стајлингот на Хелена – со елегантни сандали со тенки потпетици, клач-чанта и црвен кармин на усните – соодветни се за некоја поформана или вечерна пригода.
Нема коментари