Британската актерка Хелен Мирен и на 70-годишна возраст изгледа прекрасно, а во овој моден избор за актуелниот Филмски фестивал во Торонто доста елегантно и младолико. На премиерата на филмот Eye In The Sky таа се појави во долг фустан со цветен дезен од есенската колекција на Долче и Габана, кој го суптилно го нагласува нејзиното тело, а комбинацијата ја стилизирала со мала црно-златна клач-чанта и нежен ѓердан, како и модерно фенирана фризура и ефектен темно розов кармин. Таа многу вешто ги следи модните правила за повозрасни жени, како покривање на телото, особено на рацете и практикувањето кратка коса, но на начин што ја прави многу помлада, модерна и впечатлива. Мирен во моментов е заштитно лице на козметичкиот бренд L’Oreal.
Нема коментари