Во текот на вчершниот ден беше објавено дека модниот дизајнер Еди Слиман се вклучува во работата на Cèline како за уметнички, креативен и имиџ директор, почнувајќи од 1 февруари. Од модната корпорација LVMH, во чие сопствеништво е модната куќата Cèline, објаснија дека Слиман ќе го прошири брендот на машка линија, висока мода и на креирање парфеми.
Слиман, кој исто така e и фотограф, на ова место ќе ја наследи Фиби Фило. Како моден дизајнер има работено за Dior Homme и Saint Laurent, и во двете луксузни куќи го револуционизираше имиџот на брендовите. Слиман изјави „дека е среќен да се приклучи на Бернард Арно во оваа сеопфатна и фасцинантна мисија за Cèline. Со нетрпение очекувам да се вратам во возбудливиот свет на модата и динамиката на ателјето“. Неговата прва колекција за Cèline ќе биде прикажана во септември на Париската модна недела.
Нема коментари