Спојот на креативните енергии на неколку дизајнерки со различни стилови на експресија, но иста емоција, резултираше со создавање на заедничкиот проект Heartcore кој финишира со концептуалната фотосесија. Во проектот се вклучени креациите на модната дизајнерката Мелани Димитровска, илустрациите на Ем Елефантски и дизајните на Марија и Кристина од Design and Berries, а за фотосесијата беа ангажирани фотографката Adrienne Ylva, моделот Благица Димитровска, а шминката и фризуратае на Јована Коциќ.
„Проектот Heartcore претставуваше голем предизвик за нас како дизајнери, бидејќи си поставивме една задача каде што секој би скршнал малку од својата комфорна зона на уметничкиот израз како форма, за да создадеме една заедничка нова форма која би била кохерентна во однос на концептот, а сепак секој од нас би задржал дел од својот креативен израз. Па така и колекцијата, заедно со нејзината презентација, како и самиот концепт, носи во себе еден голем контраст, од една страна на нежноста на Design and Berries, конструктивноста на Мелани Димитровска, детската невиност на Em Ellephantski, и суровоста на Adrienne Ylva. Концептот Heartcore сам по себе, е всушнст една генерација која е истовреме кул, а емотивна, која верува во висока улична мода, и која го живее животот без маргини. Колекцијата се состои од 5 беџа и два елека со дизајн на вез, како и една унисекс варијација на елек. Затоа што веруваме во слободата, нудиме и можност за избор на комбинирање боја на елек/дизајн со илустрација/вез од можните варијанти“ ни изјавијаод Design and Berries.
Нема коментари