После #zaradaily и #mangogirls околу кои се екипираа вљубеничките во креациите на „Зара“ и „Манго“, сега на Инстаграм популарен е хаштагот #stradilooks кој ги лови популарните парчиња на шпанскиот бренд „Страдивариус“. Оваа сезона брендот се наметна како еден од подобите во понудата со своите трендовски креации како карирани сако и капути, кожени јакни, цветни фустани, беретки, женски костими, џемпери, моторџиски чизми и кои се дел од комбинациите објавени под ознаката #stradilooks. Еве што издвоивме од Инстаграм.
Нема коментари