Манекенка и една од првите модни блогерки кои се издвоија на сцената, Ханели Мустапарта сега се подготвува за улогата на мајка. Како жена со стил во бременоста сака да носи убава и модерна облека, на пример креациите од колекцијата на „Зара“ за пролет-лето 2019 кои што можат да ги носат и трудниците. Таа позира во неколку модели, меѓу кои и во зелениот плисиран фустан кој се предвидува дека ќе биде голем хит на пролетната сезона.
Модната индустрија го согледа проблемот на секоја трудница да пронајде облека која е трендовска, а не неугледна и досадна, и сè повеќе продуцира модерна облека за трудници. Овие креации што ги носи Ханели не се наменски за трудници и се од главната пролетна колекција, но брендот „Зара“ и Ханели покажаа дека се погодни и за бремени жени.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари