Шпанскиот бренд „Манго“ постојано истражува начини како да ги доближи своите модели до поширока публика, пример е лукбукот „Еден ден во Бруклин“, во кој учествува Ханели Мустапарта, ѕвездата на уличната мода, блогерка, фотографка и стилистка. Позирањето на Ханели не и претставува проблем, бидејќи е поранешна манекенка. На фотографиите таа е облечена во убер-кул креации од пролетната колекција на брендот – шик црно-бели комбинации, џинс со волуменозен бел топ и чевли од рептилска кожа, асиметрично мини здолниште со спортска јакна и патики.
Нема коментари