Фановите на дистописката ТВ серија „Приказната на слугинката“ (The Handmaid’s Tale) скоро две години ја исчекуваат новата, четврта по ред сезона, Hulu платформата деновиве објави нов трејлер и ја закажа премиерата за 28 април годинава.
Тензиите од крајот на третата сезона продолжуваат, флавната протагонистка Џун (ОфФред) и нејзините сојузници успешно пребегаа и транспортираа десетина деца од тоталитарниот Гилеад во Канада. Ако сте еден од лојалните обожаватели кои трпеливо чекаат да се разгори пламенот на долгоочекуваниот бунт, може да се каже дека конечно ќе го дочекате. Извршните продуценти Брус Милер и Ворен Литлфилд истакнуваат дека оваа сезона носи сè што полека се вжештуваше во претходните сезони. Покрај тоа, во новата сезона, во центарот на бунтот против режимот станува Чикаго.
Нема коментари