Пет познати модни дизајнери нудат своја визија за изгледот на вашиот iPhone телефон преку дизајн на футроли. Покрај модни парчиња дизајнерите сè почесто дизајнираат хајтек-гаџети, спортска опрема и други лајфтајл-производи, а еве пет уникатни начини да го персонализирате телефонот. Маркус Лупфер, „Кензо“, Карл Лагерфелд, „Москино“ и Марк Џејкобс ви нудат различни футроли, од дизајн со зајачки уши до модел украсен со циркони. На фотографиите е означен моделот на футролата, а дизајните може да се најдат на интернетската продавницa netaporter.com по цени од 45 до 135 долари.
Нема коментари