Компанијата Panasonic создаде смарт огледало кое овозможува инструкции за вашиот изглед. Звучи бајковито и како реминисценција на репликата „Огледалце, огледалце, кажи најубав на светот кој е?“ од „Снежана“, ама ова паметно огледало на своите корисници ќе им дели совети како да го подобрат изгледот. Овој уред на Panasonic изгледа како обично огледало, но содржи специјална технологија на препознавање на лица и тела која се употребува и во дигиталните фотоапарати од серијата Lumix на компанијата, потоа и електронски советник кој детектира недостатоци со кожата, брчки или проблеми со тежината. Па препорачува како да ги поправите недостатоците – промена на шминка, физичка активност, промена на бојата на течната пудра или обликот на фризура, диета, козметичка нега и слично. Овој уред во моментов е во фаза на развој.
Нема коментари