Комапнијата Apple намами уште еден извршен директор од LVMH на темната i-Страна – Патрик Прунио, поранешен заменик директор за продажба кај швајцарскиот производител на луксузни часовници Tag Hauer сега ќе се придружи на силиконската долина со неочекувана улога. Се претпоставува дека Прунио својата експертиза ќе ја внесе во iWatch, кој е најавен да излезе оваа есен.
Ова е најблиското нешто до моден додаток и луксузна роба од сите досегашни обиди на компанијата Apple. Од трите брендови на часовници кои спаѓаат под чадорот на LVMH (Tag Hauer, Hublot и Zenith) и Жан-Клод Бивер, директорот на компанијата ја открија и потврдија информацијата дека нивниот директор за продажба заминал минатата недела да работи за Apple. Ова ќе биде трет извршен директор кој Apple го зграпчи од модата, и уште поконкретно, од LVMH. Најпрва беше Ангела Аренд, која од „Барбери“ се префрли во во Apple како директор за интернет и продажба на мало, и Пол Денев, кој претходно беше директор во францускиот моден бренд „Ив Сен Лоран„, а сега е најмен за работа на специјални проекти во технолошката компанија. Најмувањето на Прунео меѓу другото и сугерира дека Apple започнува сериозно да инвестира во зајакнување на интеграцијата од моден аспект на својата нослива технологија. Можеби научија од несреќниот прием на очилата Google Glass дека публиката не сака само да носи парче технологија која ги вознемирува со константен прилив на и-меилови каде и да одат – тие исто така сакаат и да изгледаат добро носејќи го тоа парче. „Не верувам дека iWatch ќе биде закана за луксузните швајцарски часовници“, изјави Џон Кокс, аналитичар кај „Кеплер Шавра“ во Цирих. „Но гледам потенцијална промена во однос на производите со цени пониски од 1.000 олари, ниво на цена каде може да има привремено размесување доколку има супер високо барање за iWatch часовници.“ Додека пак Жан-Клод Бивер, директор на модните марки кај LVMH и претседател на брендот за часовници Hublot, верува дека изместувањето ќе биде поголемо: „iWatch ќе ја има иста моќ на статусен симбол како и многу други продукти на Apple, особено на почетокот. Јас лично верувам дека го има потенцијалот да биде закана за индустријата и не треба да се остане со прекрстени раце,“ изјави тој.
Нема коментари