Американската актерка Кејт Босворт се појавува во нова улога на технолошки претприемач и ја покренува апликацијата Style Thief, која овозможува да снимите фотографија на некое модно парче, да ја спроведе сликата до пребарувач за одреденото модно парче, а потоа да го купите посакуваниот производ во само неколку клика. Преку мотото Snap&Steal (Сликни и укради), апликацијата има за цел да се фокусира на популарноста на уличната мода и постојаната навика да се фотографираме со смарт телефони.
Босворт тргнува од тоа дека секој од нас повремено чувствува модна завист, да погледне некое одредено модно парче во списание, на модна ревија или како го носи некоја пријателка, и да посака веднаш да го украде истото парче или барем нешто слично. Апликацијата треба да им помогне во потрагата по тоа одредено парче. Актерката во моментов развива маркетиншка стратегија за промовирање на апликацијата, а таа самата ќе биде заштитно лице на кампањата.
Всушност, ваков вид на програми веќе постојат на пазарот, како Style-Eyes, ASAP54, Snap Fashion и Styloot, но за жал, никој од нив сè уште не ја достигна популарноста на музичкиот пребарувач Shazam. Секоја од овие апликации има свои недостатоци, обично се искривува бојата и формата на производот од фотографијата, што значи пребарувачот насочува на погрешен производ. Босворт смета дека со Style Thief ќе бидат избегнати овие проблеми.
Нема коментари