Технолошкиот гигант Apple вчера ги претстави долгоочекуваните модели iPhone 6 и iPhone 6 Plus, а покрај новите смарт телефони, компанијата лансира и смарт часовник (Apple Watch) со извонредни перформанси, напредна технологија и софтвер. Ова се смета за најзначајното лансирање на хајтек производ на деценијата, а часовникот во голема мера го допира модниот бизнис. Иако добата на нослива технологија е скромно почната преку неколку производи, смарт часовникот на Apple ќе го забрза интересот за хајтек модни додатоци и ќе го најави новиот вносен бизнис на паметни детали за носење. Часовникот на Apple е наелегантен смарт часовник креаиран досега, а покрај тоа што ќе ги прикажува сите важни информации од новиот iPhone, ќе го следи здравјето на личноста што ќе го носи благодарение на новата апликација Apple Health. Екранот реагира на допир и притисок, содржи многу додатоци и сензори, а ќе почне да се продава следната година по цена од 350 долари.
Нема коментари