Супермоделот и водителка Хајди Клум во соработка со германскиот ланец на супермаркети Lidl во Њујорк ја промовира својата нова колекција со базични, но впечатливи креации за жени. Под мотото #LETSWOW, линијата наречена Esmara by Heidi Klum: Heidi & The City наместо на класична писта беше претставена во интерактивен супермаркет, со 350 гости, меѓу кои беа познати модни имиња како Зак Позен, Нина Гарсија и Шон Рос. Домаќинката на шоуто, Хајди Клум, и други модели носеа повеќе од 80 парчиња, кои вклучуваат палта, бомбер и кожни јакни, црни фармерки, чевли и чизми со животинска шара и друго. Покрај доминантната црна, затапена е кафената боја, како и леопардов принт. Дел од моделите се украсени со светкава мониста.
-Промоцијата помина супер. Локацијата, Њујорк, шоуто, гостите – едноставно сè совршено одговараше. Многу сум горда на својата нова колекција. Конечно покажавме мода која ќе ѝ стои на секоја жена, и која секоја жена ќе може да ја носи. Пресреќна сум со тоа што го постигнавме – изјави Клум по ревијата.
Нема коментари