Хајди Клум можеби нема некој истенчен вкус за личен стил и прави катастрофални грешки кога се појавува на црвениот килим, но кога е костимирањето за Ноќта на вештерките во прашање, тогаш е вистински победник. Повеќе од една деценија организара голема забава на Halloween, студиозно го подготвува маскирањето за овој популарен американски празник, а годинава надмина како ликот на Џесика Ребит од познатиот анимиран филм Who Framed Roger Rabbit?. Маскирањето за Halloween за Хајди не значеше само облекување на соодветен костим, туку и комплетна трансформација на лицето и телото со простетика која ја изработија експерти за специјални ефекти. Тие десет часа ги местеа протезите на лицето, градите и задникот, а комлетниот изглед е надополнет со црвен фустан од Кристијан Сиријано и чевли од Кристијан Лубутан.
Нема коментари