Славните актерки ретко сакаат да се појават во јавност без шминка. Но, Гвинет Палтроу ослободена од притисокот секогаш да е со совршен изглед, и со намера да покаже дека и таа е нормална жена, со маани и со бори, деновиве објави селфи-фотографија на својот профил на „Инстаграм“, пред и по нанесување на шминка. Како дел од новата кампања на Max Factor, оваа амбасадорка на компанијата за шминка, без проблем реши да го покаже својот лик без мејкап. На првата фотографија се гледа дека четириесет и две годишната актерка очигледно е негувана жена со нежно лице и речиси проѕирен тен. Во вториот кадар има нанесено вечерна шминка, која е всушност дел од кампањата „најгламурозна трансформација“.
Палтроу минатото лето беше дел од кампањата на Max Factor за трансформација со шминка, каде што се појави со имиџ налик на Мерилин Монро, како и Одри Хепберн, Мадона, Брижит Бардо и Фара Фосет.
Нема коментари