Актерката Гвинет Палтроу во последните години повеќе е посветена на животниот стил и нејзиниот проект Goop, здравиот живот и издавање книги за готвење, отколку на глумата. Негата на лицето е новиот проект на Палтроу, која преку својата лајфстајл компанија Goop влезе во бизнис со козметичкиот бренд Juice Beauty и како креативен директор на одделот за шминка лансира нова линија на органска козметика која ќе ги задоволи и веганите. Карен Бенки, извршната директорка на Juice Beauty, брендот за органска нега на кожата кој постои десет години, признава дека долго размислувале за развивање на декоративна козметика, што се реализирало со доаѓањето на Гвинет. Новата колекција на Палтроу со фито-колор пигменти содржи 78 кармини, руменила, сенки за очи, пудри и друг производи богати со антиоксидански, ќе почне да се продава кон крајот на месецот, а цените се движат од 22 до 42 долари.
Нема коментари