Холивудската актерка Гвинет Палтроу ќе лансира модна линија под името на својот сајт за здрав животен стил, Goop.com. Откако беше именувана новата директорка на Goop, Лиса Герш, Палтроу објави дека во план е да се создаде и модна колекција под овој бренд. Изминатите неолку години Гвинет ги најми своите пријатели-дизајнери, како Мајкл Корс и Стела Макартни, да создадат капсулни колекции за Goop. Но, почнувајќи од 2015 година актерката ќе креира линија со основни парчиња облека. Амбициите на оскаровката и гуру за здрав живот не застануваат тука, во план ѝ е да лансира и линија за убавина , како и предмети за домот под името Goop.
Нема коментари