Поп-ѕвездата Гвен Стефани, која важи за една од најдобро облечените ѕвзеди, дизајнира линија на чевли, за кои вели дека покрај добриот стил, ќе бидат и удобни за носење. Пејачката на составот „Ноу даут“ , која го очекува своето трето дете, соработува со ShoeDazzle.com, за кој покрај чевли креира и модерни чанти.
-Голем предизвик е да се содадат чевли, кои ќе бидат секси, но истовремено ќе имаат пристојна и удобна висина. Мислам дека тоа го постигнавме со сандалите. Се обидов да направам чевли што и јас би ги носела цел ден-изјави 44-годишната Стефани.
Нема коментари