Дизајнерскиот колектив „Творница“, по претставувањето на неодамнешниот прв саем за современа уметност во Скопје,„Паратисима“, ќе ги промовира своите нови дизајни , в четвток со почеток во 20 часот во арт-кафулето „Концепт 37“. Станува збор за нивните „разиграни“ GUM чаши. Изработени исклучиво од материјали безбедни за употреба во исхраната, GUM чашите се мали вајарски дела. Рачниот процес е применет од самиот почеток на изработка на моделите и калапите за лиење на глината, преку рачно моделирање во посакуваната форма на секоја чаша засебно се до рачно изработен процес на фарбање со цел да се добие што подобар финиш на секој производ засебно.
GUM чашите ќе може да се набават по промотивна цена за времетраење на изложбата. Проектот GUM’S е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура, како дел од проектот за развој на креативните индустрии во Македонија.

Чашите можеа да се погледнат и во МКЦ, на саемот за современа уметност,„Паратисима
Нема коментари