Во светот на убавината бронзерите на козметичкиот бренд Guerlain и целата линија наречена Terracotta се сметаат за најдобрите, најголемиот авторитет на ова поле и шминка што сите вљубенички во козметиката ја посакуваат. Испробано, производите од оваа линија се ултра квалитетни, лесни за нанесување и со ситни светки кои совршено ја рефлектираат светлината на сонцето и ја осветлуваат кожата давајќи ѝ блескав и здрав изглед.
Добрата страна е што Terracotta линијата постојано се надградува со нови производи, еве што содржи новата колекција на Guerlain:
Terracotta Contour & Glow Palette
Палета што ги задоволува за трите чекори во шминкањето за обликување на образите – контурирање, бронзер и нанесување на хајлајтер.
Terracotta Touch Loose Powder On-the-Go
Пудра во прав за матирање и сетирање на шминката, збогатена со масло од јојоба, ѝ дава кадифен изглед на кожата.
Тerracotta Skin Foundation Stick
Водоотпорна пудра во стик, која што создава блескав изглед на лицето. Има шест нијанси и долготрајно дејство.
Terracotta Skin Highlighting Stick
Хајлајтер во стик, совршено ја осветлува кожата. Со формула отпорна на промените во температурата и влажноста, ја одржувана хидратација во деловите каде што е нанесен.
Нема коментари