Козметичкиот бренд Guerlain за новогодишен изглед ја понуди празничната колекција на шминка, соодветно спакувана во блескава, златна амбалажа. Колекцијата се вика Golden Land и содржи палетата сенки во беж, розови, зелени и златни светкави нијанси, потоа лимитирана верзија на познатите перли Meteorites Perles, нова Terracotta Golden Land Powder, како и три кармини од линијата Rouge G, кои доаѓаат во три нови футроли – Merry Red, Merry Black и MerryGold. Вистинска новогодишна колекција која нуди блесок, гламур и изгледа раскошно.
Нема коментари