Креативниот директор на Гучи Алесандро Микеле претстави 100 изгледи по повод 100-годишницата на модната куќа на модна ревија на Холувуд булевар
Историска ревија се одржа деновиве во Холувуд, односно на булеварот Холивуд, на чии тротоари продефилираа модели и познати личности, пријатели на брендот Гучи, кој слави 100 години од основањето. Стотката за дизајнерот Микеле значеше 100 изгледи од колекцијата за пролет-лето 2022 претставени под името Gucci Love Parade, а кои за миг го доловија гламурот на стариот Холивуд.
Во публиката многу важни 500 гости, како Гвинет Палтроу, Били Ајлиш, Салма Хајек, Дакота Џонсон, групата Манескин, некои од нив, како актерите Меколи Калкин, Џаред Лето, Џоди Тарнер-Смит и во улога на манекени на уличната писта.
Ви го презентираме видеото од You Tube каналот на Гучи, односно долгата верзија во која во првите 30 минути ги гледаме славните личности како доаѓаат на ревијата на модната куќа, а потоа следи самата ревија. Како музичка подлога, ја слушаме Бјорк.
Нема коментари