Модниот бренд „Гучи“ и креативниот директор Алесандро Микеле ги следат големите промени во модната индустрија во однос на форматот на модната недела и заедничкото претставување на машката и женската колекција во исто време, одлуката на „Барбери“ и неколку други дизајнери, одлучија и тие да ги спојат машките и женските креации на една ревија. Италијанската модна куќа „Гучи“ повеќе нема да претставува четири посебни колекции во различно време во календарската година (женска за пролет-лето и есен-зима на модната недела во Милано во февруари и во септември, плус машка за пролет-лето и есен-зима на неделата на машка мода во јануари и во јуни), туку почнувајќи од 2017 година ќе претставува две ревии, двапати годишно, на кои ќе бидат споени машките и женските креации.
-Се чини дека е природно за мене заедно да ги претставам женската и машката колекција. На тој начин го гледам светот денес. Не значи дека патот ќе биде лесен и сигурно ќе наидам на некои предизвици, но верувам дека со ова ќе имама можност да се придвижам кон поинаков пристап во раскажувањето на приказната – изјави Микеле на Интернационалната конференција за луксуз организирана од New York Times и откри дека првата заедничка ревија ќе се одржи во јануари 2017 година, во новата централа на брендот на Via Mecenate во Милано.
Нема коментари