Помалку од два месеца откако дебитира со женската колекција за есен зима 2015, новиот креативен директор на Gucci, Алесандро Микеле, ја претставува првата кампања за италијанскиот бренд. Станува збор за најава на предесенската колекција. Фотографиите ги сними Глен Ланчфорд, а креациите ги носат моделите Александра Елизабет Љадов и Џулија Хафстром. Очигледна е трансформацијата на брендот од времето на Фрида Џанини, од гламурозна во носива мода, поблиска до помладата генерација. Микеле преферира неконвенционален стил, со минимален стајлинг и шминка, напуштајќи го гламурозниот имиџ.
Нема коментари