Алесандра и Алегра Гучи, внуки на основачот на познатиот моден бренд Гучио Гучи, го продаваат за 45 милиони долари луксузниот стан во кулата „Олимпија“ во срцето на Њујорк, кој своевремено го купил нивниот татко Маурицио. Лоциран на 50-от и 51-от кат на зградата, станот има скоро 900 метри квадратни и нуди панорамски поглед на милионскиот Менхетан. До станот се стигнува со приватен лифт, содржи осум спални соби, дури две кујни, библиотека и дневна соба со поглед кој одзема здив. Сестрите велат дека ретко го посетуваат станот, од 2010 година го издаваат, а сега одлучиле и да го стават на продажба. На фотографиите со кои се продава гледаме дека станот е уреден во живи бои, но непознато е дали е тоа оригиналниот мебел и декор кој постоел кога во апартманот живееле членовите на семејството Гучи. Станот во 70-тите го купил Маурицио Гучи, таткото на Алесандра и Алегра, кој во 1995 година беше убиен по налог на нивната мајка Патриција.
Нема коментари