Модната куќа „Гучи“ привлекува внимание со необичниот пистап во рекламирање со новата празнична кампања направена во соработка со шпанскиот уметник Игнаси Монреал. За претстојната празнична сезона Алесандро Микеле и модната куќа „Гучи“ ја претставија Gift Giving кампањата преку илустрациите на Монреал кој и претходното соработувал со куќата. Игнаси во визуелите се инспирирал од митот за Икар, a во интерпретацијата на уметникот Икар носи кафен „Гучи“ костим со „Гучи“ и паѓа во „Гучи“ рајот исполент со фантастични предмети прикажани на креативен начин.
Повеќето илустрации од Gift Giving кампањата се во стилот на ренесансните слики и композиции на мртва природа, со класични статуи, но и со алузија на современата поп култура. Делот за подароци се однесува на повеќе категории – чанти, накит, чевли, маици, детстка облека, дури и порцелански парчиња, а ќе биде пласирана и уметничка книга со делата на Монреал направени во соработка со „Гучи“. Кампањата ќе биде поставена во бутиците во Милано и Њујорк, а ќе делува и преку социјалните мрежи, апликацијата и онлајн продавницата на куќата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари