Пејачката Флоренс Велч е хероината од новата рекламна кампања на модната куќа „Гучи“ со која се промовира линијата на накит и во која успешно e уловен нејзиниот боемски стил. Кампањата го канализира духот на безгрижното патување и е направена во разиграно, боемско расположение кое совршено ја отсликува естетиката на дизајните. За да се долови сево ова, Флоренс позира на кревет со перници и декоративни ткаенини во внатрешноста на една хипи приколица, додека е стилзиирана со разни прстени, алки и ѓердани. Парчињата накит што ги носи се од линиите Le Marché des Merveilles, Gucci Ouroboros, Gucci Flora and Dionysus.
Нема коментари