Ако ви се допаѓа максималистичкиот стил на „Гучи“ и на креативниот дизајнер на куќата Александро Микеле, можеби ќе посакате и домот да ви е уреден во тој манир. Тука на помош доаѓа новата линија на оваа луксузна италијанска модна куќа Gucci Décor за уредување на домот и ентериери. Веста куќата ја објави на Инстаграм и информира дека ќе пласира мебел и детали за домот. Микеле и во оваа линија ја продожува естетиката од модната линија – микс на еклектика со допир на ренесанса. Тој дизајнира дрвени столици, везени перници, чинии, миризливи свеќи во порцелански чаши, винилни тапети, а сите тие ќе ги содржат мотивите, шарите и кодовите на „Гучи“. Порцеланските парчиња во линијата ќе ги произведува Richard Ginori, реномирана компанија од Фиренца основана во 1735 година. Линијата ќе биде лансирана во септември годинава во селектирани продавници на „Гучи“.
Нема коментари