Секојдневно употребувате шминка, пудри, кармини, руменила, четки и сунѓерчиња, но колку внимавате тие да бидат чисти и хигиенски исправни?! Четките и сунѓерите за нанесување пудра се легло на бактерии, па важно е често да ги миете или менувате. Покрај тоа што е важно да го проверите рокот на траење на козметичките производи, редовно чистете ја козметичката торбичка, со влажно марамче поминувајте ја амбалажата на производите (и врз нив се лепат бактерии) и исфрлете ги старите четли и апликатори. Оние четки и сунѓери што редовно ги користете потребно е барем еднаш неделно да ги измиеете – натопете ги во сад со млака вода и со нежен течен сапун или бебешки шампон нежно протријте, исплакнете и оставене ги природно да се исушат. Исто така, избегнувајте шминката да ја наесувате со прсти, затворајте ги капачињата на производите до крај, избегнувајте испробување на лице на козметиката од парфимерии, а вашата шминка не ја делете со други личности.
Следниве факти секако ќе ве натераат веднаш да ги исчистите несесерот:
- Највалканите компоненти во козметичката торба се четките и маскарите
-Според повеќе истражувања несесерот со шминка во просек содржи најмалку 5-6 различни видови на бактерии – значи редовно чистење и менување на несесерот
-Доколку сте настинати и кивнете врз четката додека нанесувате пудра, бактериите остануваат врз четката и во несесерот и ги пренесувате врз себе со секое следно користење
-Маскарата е полна со бактерии и после 3 месци веќе станува опасна за очите. Може да ја користите максимум 6 месеци, потоа ослободете со од неа
-Ако шминката ја нанесуваш со прсти кои не се беспрекорно чисти, голема е веројатноста целото пакување е заразено со бактерии кои потоа постојано ги нанесувате на лице
-Преку користење на шминката во парфимериите може добиете конјуктивитис, херпес, осип и бројни инфекција на кожата, затоа испробувајте ги производите на рака, никако не на лице, уста или на очи
Нема коментари