Греаното вино е еден од омилените топли напитоци во студените и празничните денови, доколку пак сте и обожаватели на шпанската сангрија, ќе би се допадне овој предлог за „зимска“ сангрија полна со ароматични вкусови. Сангријата е доста освежителна и вообичаено се пие во лето. Се базира на црвено вино, малку бренди или рум, а ароматичноста ја должи на миксот на овошје, најчесто тоа се јаболко и портокал. Во својата зимска верзија е греана и исто така со овошје, збогатена со ароми на цимет, каранфиллче, анис и мускатно оревче.
Потребни состоки:
750 мк црвено вино
250 мл сок од портокал
¼ шолја кафен шеќер
¼ шолја бренди или рум
2 јаболки исечени на тенки парчиња
1 портокал исечен на тенки парчиња
100 гр брусница
Цимет (2 стапчиња или 1 лажичка)
Каранфилче (неколку парчиања)
Анис (неколку парчиња)
Мускатно оревче
Подготовка:
Стопете го кафениот шеќер со малку вода на тивок оган и мешајте постојано. Додадете ги циметот, каранфилчето, анисот, мускатното оревче и брусницата. Мешајте додека шеќерот не се претвори во сируп. Потоа додадете ги виното, брендито и сокот од портокал. Кувајте на тивок оган 10 до 15 минути, пред самиот крај додадете ги парчињата јаболко и портокал. Покрај овие овошки со зимската сангрија одговараат калинка, вишни и капинки.
Нема коментари