Шеснаесетгодишната скопјанка Горјана Кулишевска завчера избрана за Лице на годината за Македонија за 2017 година на завчерашниот регионален избор во Белград. До изборот познат и како Look of the Year дојде после кастингот што во јуни годинава се одржа во Скопје, во просториите на модната агенција „Моделс ИН“ кога беа избрани десетте финалистки од Македонија.
Ова е четврта година по ред како се избира Лице на годината за Македонија во соработка со модната агенција Model Scouting Office од Белград. Нашата прекрасна Горјана која е веќе 3 години дел од „Моделс ИН“ во моментов се наоѓа на финалето за Лице на годината 2017 кое се одржува на вулканскиот остров Искија во Италија. Инаку Кулишевска е трета година во гимназијата „Орце Николов„ и покрај моделингот успева да најде време за фитнес и џогинг. За регионалниот избор е задолжена агенцијата MSO на Јелена Ивановиќ која сè уште ги застапува и минатогодишните победнички од овој избор и секако се грижи за интернационалната кариера на нашиот топ модел Елена Реи. Големото финале на the Look of the Year се случува во сабота, па на нашата Горјана ѝ ја посакуваме сета среќа на светот – изјави Алек Наумовски од „Моделс ИН“.
Нема коментари