Спојот на контрастите: грубото со нежното, впечатливото со дискретното, трендовското со класиката, се дел од предизвиците со кои се соочуваат стилистите, посебно во меѓусезоните. Користење на модели од две различни сезони, или за две различни прилики не е новина, но начинот на кој ќе бидат миксани секогаш може да биде свеж и иновентивен. Судено според трендовите од уличната мода, но и од колекциите за есен-зима 2017 на големите модни куќи, тој маѓичен спој на контрасти ќе се случи со две трендовски парчиња – џемпер со нагласен волумен и нежно здолниште. Ова не е поврзување само на две актуелни креации, туку и слепување на удобното со убавото, со што се добива изглед пристоен за цел ден.
Џемперите со голема плетка, натресените или подолгите модели веќе почнаа да пристигнуваат во продажните салони на популарните брендови за секојдневна мода. Се препорачува да се комбинираат со класичните „пријателски“ парчиња како фармерки или панталони, но и со романтично плисе, од тул или свилено здолниште. Можете да ги носите и врз омиленото летно фустанче од тантела, пролетниот цветен модел или пак врз металик здолништето кое го набавивте минатата есен. Покрај неутралните есенски тонови оваа есен се носат и џемпери во впечатливи бои, црвени, розови, портокалови, жолти или сини. Ви преставуваме неколку интересни комбинации што ќе го разиграат вашиот есенски изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари