Машките парчиња облека се сладок предизвик за женскиот ормар оваа година. По големите џемпери и блузони, палтата и капутите, панталоните, качкетите и други модели, успешно се интегрираа и машките чевли и чизми. Посебно интересни за девојките се т.н. „челзи бутс“ (chelsea boots). Станува збор за куси чизми, што го покриваат само глуждот на ногата и најчесо се со ниска платформа или минимално висока потпетица. Од внатрешната страна имаат патент и најчесто се направени од кожа, превртена кожа или лакирана површина. Многу се удобри и практични за во нив да го поминете цел ден. Може да ги комбинирате во повеќе варијанти, покрај хеланки и панаталони, одлично одговараати со фустани и здолнита во повеќе должини. Може да ги носите во кежуал варијанта, но добри се и во бизнис-имиџот и во посвечени комбинации.
„Челзи“ чизмите во историјата се познати и како дилерски или модели за јавање. Се носеле уште во викторијанската доба, и биле варијација на чизми за јавање коњи. На запад биле носени во периодот пред Првата светска војна. Во 60-тите години на минатиот век биле дел од мод-сцената, а истовремено се паметат и како модели што ги носеле австралиските работници. Се среќаваат и како дел од униформите на некои морнарици.
Денеска армија следбеници на трендовите ги применуваат во својот секојдневен изглед, а посебно се хит меѓу блогерите и трендсетерите како Алекса Чанг, Викторија Бекам и други. (А.Н.)
Нема коментари