Пред две декади гранџот беше униформа на алтернативните рокери и на оние кои црпеа инспирација од нив. Сега тинејџерите можат да се шетаат со гранџ – инспирирана мода набавена од трговците во малопродажбата. Ништо не ве прави да се почуствувате остарени како повторното оживувањето на модниот тренд на кој јасно се сеќавате кога прв пат се појавил. Toa e токму и со враќањето на гранџот од 90-тите. Време кога „Нирвана“ се слушаше до бесвест, иако ги имаше и такви кои остануваа на Take That. Па, иако дупките на фармерките беа совршено позиционирани, а косите редовно миени, сепак духот ја следеше идејата.
Многу од работите кои сега ги гледаме етикетирани како гранџ од 90-тите не се вистински, барем не во најчистата форма, колку што можеме да се сетиме…..Малку повеќе е глам, што сè на сè и не е толку лоша работа, ако знаеме дека гранџерите во 90-тите беа попрлично неуредни, меланхолични млади персони кои се плашеа од употребата на шампон. Кортни Лав беше херој на голем број на девојчиња гранџери, но таа не беше онаа која требаше вистински да инспирира.
Непотребно е да се каже дека се чуствува малку носталгија во шопингот овие денови. Облеката која е на понуда буди спомени на некои изминати денови и некои раздрпани облеки. Многумина од нас ,сведоците на тоа време и никогаш не го надраснавме. Сè уште некои претпочитаат слоевитост и големи џемпери. А новиот-стар изглед лесно се постигнува со по некоја позјмена кошула од машкиот плахар, врзана на половината и одрпан џинс. Секако не треба да имаме носталгична криза околу враќањето на гранџот. На крајот на краиштата, носталгија е само синоним за возраста. (С.Ј.Б.)
Нема коментари