За неполн час почнува една од најочекуваните ревии во рамките на Париската модна недела, онаа за првата колекција на Никола Геские за легендарниот француски бренд „Луј Витон“, а модниот настан може да се следи преку преносот на официјалната интернет страница на брендот. (Кликнете на означените зборови, тие ќе ве однесат на линкот на кој може да ја следите ревијата).
Модната ревија е еден од најважните настани деновиве во Париз, откако лани Марк Џејкобс по 16 години го напушти работното место на креативен директор на „Луј Витон“, а на неговото место менаџерскиот тим го постави Никола Геские, претходно главен дизајнер во „Баленсијага“.
Нема коментари