Популарниот high street бренд „Манго“ на својата интернет страница, Mango.com направи селекција од 10 клучни парчиња околу кои се движат актуелните стајлизни меѓу трендсетерките. На врвот на трендовите за оваа есен е карираното сиво палто, кое е едно од најносените во уличната мода во моментов. Oвој дезен се повторува и кај панталоните со висок струк, како и кај долгите капути.
Следува кадифето, кое очигледно и оваа есен-зима ќе биде во тренд. „Манго“ оваа есен се одлучи за плишани модели во посмела златно-жолта нијанса, која се појавува кај долгите панталони и палтото. Трендот што допрва ќе се носи-масивните плетива, се најде во колекцијата на шпанската етикета. Понуден е голем џемпер-ролка, во комбинација со плетени панталони.
Пролетната приказна со цветните дезени и модели инспирирани од традиционалното кимоно продолжува и во есенските колекција на „Манго“. Застапен е комплет од лежерно кратко палто-кимоно и панталони во валкано бела боја со жолти флорални апликации. Межу трендовите се и комбинаиите со ролка под голема кошула.
Што се однесува до моделите за надвор, во селекцијата, покрај карираниот сив капут, влегоа големите пуф јакни, односно пердувести модели, авијатичарска волнена мека јакна и кратка бунда од вештачко крзно во доминантна црвена боја. И кај модните додатоци „Манго“ недвосмислено ги следи актуелните случувања во модата. Понудени се качкети, чизми-чорапа во боја и патики инспирирани од спортските модели во 90-тите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари