Познатиот македонски дизајнер Ненад Секирарски во понеделникот, 25 април, имаше чест да го затвори последното издание на модната манифестација Fashion Selection со ревија во белградскиот хотел „Москва“. На презентацијата претходеше премиерата на документарниот филм „Првиот понеделник во мај“ на режисерот Ендрју Роси, кој зборува за подготовките на елитниот гала настан во њујоршкиот музеј Метрополитен и големата улога на уредничката на американски Vogue, Ана Винтур, во организирањето на познатата Мет Гала. Колекцијата „Калеидоскоп“ која Секирарски специјално ја направи за изборот „Мис медитеран“ во Кипар, содржи гламурозни фустани во која доминираат шаренилото и тантелата, кои ја истакнуваат сензуалноста на жената.
-Колекцијата е сублимат на предходната инспирација од пеперутките и нивната средба со светлината. Калеидоскопот од бои преточени во слоевитост на материјалите го даваат воздушестиот но женствен и сексапилен изглед на дамата во елегантен фустан. Материјалите се нежни памучни чипки со рачна доработка и со 3Д ефекти – изјави Секирарски за Stylist.mk.
Во склоп на ревијата и во релација со премиерата на филмот „Првиот понеделник во мај“, зад кој стои Ана Винтур, се случи и мал перформанс во кој учествуваа неколку актери, а Вања Ејдус, облечена во креација на Секирарски, ја „глумеше“ токму уредничката Винтур. Дизајнерот повеќе пати се има претставено на Fashion Selection, еден од белградските модни настани со формат на модна недела, кој е во организација на Небојша Грнчарски и неговата Select Model Agency.
-Белград секогаш го чувствувам како дома, па така и овјопат на взаемно задоволство со модната публика од Белград поминавме едан прекрасна модна вечер. Како завршница на 28-от Fashion Selection ревијата беше најава за документарецот за Ана Винтур кој пред одбрана публика од стотина гости премиерно беше прикажан во хотелот „Москва“. Ова ми е 3-та соработка со застапниците во Србија после премиерата на 3Д „Титаник“ и „Освета на женски начин“ и искуствата се прекрасни кога на едно место се спојува модата и филмот – вели дизајнерот.
Нема коментари