Вчерашната хуманитарна вечера на фондацијата amfAR што се одржа во ресторанот „Чипријани на Вол Стрит“ во Њујорк беше фокусирана на борбата против сида и аукцијата за собирање средства за истражување на болеста. На првата свеченост на amfAR за оваа година организирана во чест на модниот фотограф Питер Линдберг, кој доби и признание од фондацијата, наградени беа и Ванеса Редгрејв и нејзината ќерка Џоели Ричардсон за нивната заложба во борбата против оваа болест. Традиционално на ваквите настани се собираат видни луѓе од светот на модата, филмот, културата и политиката, а вчеравечер најголемо внимание привлекоа супермоделите. Ги имаше во голем број, ги забележавме Карли Клос, Каролина Куркова, Џесика Харт и Лили Олдриџ, изгледаа гламурозно, дури и секскапилно. Да погледнеме како беа облечени гостите на хуманитарниот настан.
Нема коментари