Црн фустани, светкави креации и по малку налудничави модни комбинации видовме на црвениот килим на доделувањето на најзначајните американски музички награди „Греми“. Почнувајќи од Мадона облечена во модел од тантела на „Живанши“, која дури и го покажа задникот додека позираше пред почетокот на настанот, преку црните фустани на Мајли Сајрус, Џеси Џеј, Гвен Стефани и шљокиците на Рита Ора, Кети Пери и Лејди Гага, до необичната креација на Ријана која носеше розова и волуменозна тоалета од Џамбатиста Вали. Црвениот килим на „Греми“ секогаш изобилува со откачени дури и бизарни изгледи, па тaка Ријана изгледаше како розова торта, а Сиа можеби беше облечена во смирена комбинација од Џорџ Армани, но се појави во огромна перика каква што носеше и младата танчерка од нејзините спотови Меди Зиглер.
Нема коментари