Дваесет и двегодишната фудбалска ѕвезда Нејмар и топ-моделот Жизел Бундшен ја подгреваат фудбалската треска со насловната во бразилски Vogue, што треба да излезе во јуни. Моментално најжешките бразилски имиња од областа на спортот и на модата, со оваа насловна го најавуваат претстојното Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи во нивната земја. Овој „тим од соништата“, како што ги нарекуваат од Vogue, позираа на неколку насловни фотографии. На едната го држат бразилското знаме, а на друга фудбалска топка. Фотографиите ги направи славниот Марио Тестино.
Нејмар да Силва Сантос Jуниор е еден од најталентираните фудбалери во Бразилската репрезентација, тој моментално игра за шпанскиот фудбалски клуб Барселона.
Нема коментари