Неколку месеци по заминувањето на Клер Вејт Келер, раководството на париската модна куќа „Живанши“ го објави името на новиот креативен директор – американскиот дизајнер Метју Вилијамс, кој во октомви ќе ја претстави својата прва колекција за куќата. Toj e седмиот кутуриер на „Живанши“, по основачот Ибер де Живанши, за брендот креирале Џон Галијано, Џулиен Мекдоналд, Александар Меквин, Рикардо Тиши и Келер. Веста за новиот креативен директор е денеска објавена, а Мејту почнува со работа утре, 16 јуни.
Метју Вилијамс кариерата ја почнал работејќи со Лејди Гага и Канје Вест, а потоа го основал сопствениот бренд 1017 Alyx 9SM Matthew Williams. Успешно соработувал со брендови како Moncler , Dior, Nike, Mackintosh, Vans и Stüssy.
Вилијамс вели дека новата ера на „Живанши“ ќе се „заснова врз модерноста и инклузивноста“.
-Во овие невидени времиња за светот, сакам да испратам порака на надеж, заедно со мојата заедница и колегите, и имам намера да придонесам за позитивни промени – напиша тој на Инстаграм и изрази благодарност кон LVMH / Louis Vuitton Moët Hennessy, компанијата која го менаџира брендот „Живанши“, затоа што „веруваат во можноста да го исполнам мојот животн сон“.
View this post on Instagram
I am extremely honored to join the House of Givenchy. The Maison’s unique position and timeless aura make it an undeniable icon and I am looking forward to working together with its ateliers and teams, to move it into a new era based on modernity and inclusivity. I am grateful to the LVMH group for trusting me with the opportunity to fulfill my lifelong dream. In these unprecedented times for the world, I want to send a message of hope together with my community and colleagues and intend to contribute towards positive change. A post shared by Matthew M Williams (@matthewmwilliams) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари