Бразилската супермоделка Жизел Бундшен се враќа со новата рекламна кампања за легендарниот парфем Chanel No.5. Таа позира пред објективот на Патрик Демаршелие во црвен мини фустан, а на едната промотивна фотографија седната е на огромно шише на шанеловиот парфем. Инаку, ова не е првпат манекенката да го рекламира познатиот производ на париската модна куќа. Жизел неодамна одлучи да престане да се појавува на модни ревии, но тоа не значи крај на нејзината манекенска кариера, за што говори и овој ангажман. Минатиот месец списанието Forbes осма година по ред ја прогласи за најдобро платена манекенка во светот.
Нема коментари